Економија, финансии, бизнис

Контакт

Поранешен припадник на ОВК е уапсен на Блаце

Поранешен припадник на ОВК е уапсен на Блаце

Поранешниот припадник на ОВК Томор Морина, учесник во борбите во Косово, денеска е уапсен  на граничниот премин Блаце.

Од МВР за МИА потврдија дека Морина е уапсен по барање на Србија, поради сомнение за учество во воени злосторства против цивилното население на Косово.

Морина учествувал во борбите во областа Дукаџини.

Српските медиуми пишуваат дека се очекува во наредниот период да се покрене постапка за испорачување на Морина во Србија, односно Министерството за правда да упати барање до македонското правосудство кое треба да одлучи дали се исполнети условите за негово испорачување.

Слично

Поврзани вести