ПОРАНЕШЕН БУГАРСКИ МИНИСТЕР: Додека РС Македонија не гарантира почитување на правата на Бугарите, нема да почне преговори за членство
Прекин на дебугаризацијата и почитувањето на правата на Бугарите во РС Македонија е клучот за стартирање на преговорите на Скопје за влез во Европската унија. Ова го изјави Бојко Ноев, поранешен министер за одбрана на Бугарија.
Ноев нагласи дека на Самитот ЕУ-Западен Балкан што се одржа претходно оваа недела во Словенија, Бугарија и претседателот Румен Радев на јасен и разбирлив начин го образложиле проблемот пред европските партнери на Бугарија, а имено, зошто во моментот не е можен почеток на преговорите за членство во ЕУ за РС Македонија.
„Причината е непочитувањето на универзалните човекови права, системската дискриминација. Додека не престане дискриминацијата на Бугарите во РСМ, додека не добијат еднакви можности да учествуваат во политичкиот, социјалниот, културниот, економскиот живот, додека не можат да ги пеат своите песни, да ги читаат нивните книги и да зборуваат на нивниот јазик, да ги почитуваат нивните споменици, дотогаш прашањето за почеток на преговорите нема да се реши. Целосната дебугаризација мора да престане“, изјави Бојко Ноев за телевизијата БГ Он Ер, а пренесува Бгнес.
Тој истакна дека сите бугарски влади постапувале наивно очекувајќи овие прашања сами да се решат. „Мислевме дека со помошта за време на ембаргото, за време на косовската криза, кога им помогнавме да го зачуваат интегритетот на земјата, кога Албанците ги бараа своите права со оружје во рака, прашањата ќе се решат. Не само што не решија, туку проблемите се продлабочија “, рече поранешниот министер за одбрана.
