Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОРАКА ОД ТИМОНИЕ: Да се работи и да се засукаат ракавите

ПОРАКА ОД ТИМОНИЕ: Да се работи и да се засукаат ракавите

Францускиот амбасадор во земјава, Кристијан Тимоние вели дека сега останува на лидерите на ЕУ да разговараат меѓу себе за да ги сменат правилата на игра. 

Тимоние вели дека и земјава треба да исполни одредени задачи – успешни избори и закони за борба против корупцијата, за кои вели дека усвојувањето би било многу силен сигнал. Амбасадорот рече дека во земјава се одржуваат премногу често избори.

Но, вели дека за да се оди напред, треба да има разбирање меѓу сите партии. 

Според него, постојат одредени работи за кои има време оваа Влада да ги донесе до 3 јануари, а која дотогаш, како што рече, треба да работи во полн капацитет.

„Ние имаме работа од наша страна за да ја ставиме во ред нашата куќа и вие треба да го носите вашиот поглед односно да го вперите кон европскиот хоризонт што е ваш, меѓутоа треба да се работи и да се засукаат ракавите“, рече Тимоние.

Успешни избори, вели амбасадорот се дел од глобалните критериуми за стабилизација на политичкиот живот.

Франција стави вето на самитот во Брисел за одлука за добивање датум за преговори за Македонија и Албанија. 

Читајте уште

ФРАНЦУСКИ ЕКСПЕРТ ЗА ЕВРОПСКИ ПРАШАЊА: Maкедонија економски и политички не е подготвена за ЕУ

Слично

Поврзани вести