Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОРАКА ОД ПЕНДАРОВСКИ - да ги почитуваме препораките и да бидеме солидарни

ПОРАКА ОД ПЕНДАРОВСКИ - да ги почитуваме препораките и да бидеме солидарни

Претседателот Пендаровски на својот фејсбук профил изрази сочувство за Италија и побара од нашите граѓани да ги почитуваат препораките.

„Сочувство за Италија и сите нејзини жители, меѓу кои се и наши сограѓани. Тажни вести слушаме од Италија секој ден. Бројот на жртви од КОВИД-19 во едно деноноќие се брои во неколку стотици. Сликите од болниците се страшни, а трендовите се неповолни. Загрижувачки вести слушаме секојдневно и од многу други земји, во нашиот регион и подалеку“, вели шефот на државата.

Иако кај нас бројките се уште се во благ пораст, објаснува Пендаровски, мораме да бидеме претпазливи. 

„Да ги почитуваме препораките, да бидеме одговорни кон јавното здравје и да бидеме солидарни, колку можеме да си помагаме. Ограничете го своето движење и излегувајте од дома само за значајни потреби. Ова е заедничка битка, не само наша и не само тука. Заштитете се себеси и сите околу вас“, советува претседателот.

Слично

Поврзани вести