ПОРАКА ОД МАРШОТ: Сакаме да останеме да живеемe тука и да ни е безбедно
Протестираме првично затоа што сакаме да останеме да живеемe тука и да ни е безбедно дома, изјави вечерва Милена Јаневска од „Кој е следен“.
Таа рече дека очекуваат одговорност од сите што се поврзани со трагедијата која се случи во Кочани на 16 март, каде загинаа 59 луѓе.
Иницијативата „Кој е следен?“ објави и конкретни барања. Првото е транспарентно да се објави целата документација поврзана со работењето на клубот ,,Пулс” од неговото отварање до несреќата од повеќе институции. Бараат и соодветна одговорност за сите поврзани со случаите со изгорената модуларна болница, со Онкологија, „Дурмо Турс“ и „Беса Транс“. Движењето бара Комора на угостители да почне да работи на подобрување на услугите и условите на работење на угостителските објекти.
фото Вангел Тануровски


