Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОРАКА ОД МАРШОТ: Македонија е пред ново раѓање

ПОРАКА ОД МАРШОТ: Македонија е пред ново раѓање

На големиот граѓански марш пред Собранието  денеска беше прочитан манифест од 2016 година.

Кажаа дека Скопје е нагрдено и дека властите се гладни за крв и сакаат граѓаните да ги донесат до питачки стап.

„Денеска дигнавме глава и решивме да се одбраниме од тие ваши и наши душмани.  Граѓанки и граѓани, се работи за судбината на нашата земја“ – кажа Ирена Ристиќ.

Ги повикаа и постарите и помладите да им се придружат во нивните редови и да се борат за слобода и просперитет.  Кажаа дека се против омраза меѓу граѓаните и иселувањето. Повикаа на единство меѓу сите народи кои живеат во Македонија. Сите корумпирани треба да завршат на суд, рекоа на маршот. 

„Македонија е пред ново раѓање,  пред ново ослободување. Се додека има фашизам, авторитаризам, борбата за слобода продолжува„ – беше кажано на маршот.

Маршот почна со интонирање на македонската химна.  


Слично

Поврзани вести