Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОРАКА ОД 25 МАРШ: Генерацијата која доаѓа е за заедничка Македонија

ПОРАКА ОД 25 МАРШ: Генерацијата која доаѓа е за заедничка Македонија

Денеска е 25-ти ден од почеток на протестите на иницијативата „За заедничка Македонија“. 

Се маршира од Владата до Собранието. 

Граѓаните кои денеска излегоа да протестираат порачуваат дека генерацијата која доаѓа е за заедничка Македонија. 

Бараат зачувување на унитарноста на Македонија и отфрлање на Тиранската платформа, која според нив е вовед во федерализација на Македонија.

Тие му давааат поддршка и на претседателот на Македонија, Ѓорѓе Иванов охрабрувајќи го да не потклекнува на никакви притисоци. Порачаа дека ниту еден дипломат, комесар или каков било претставник не може да дојде на половина ден и да наметнува свој интерес и своја агенда. 

Протестите нема да запрат додека не се исполнат барањата на иницијативата. 

Слично

Поврзани вести