Економија, финансии, бизнис

Контакт

Поради Законот за јазици Беса Арифи во конфликт со две професорки- еве што и одговорија

Поради Законот за јазици Беса Арифи во конфликт со две професорки- еве што и одговорија

Законот за употреба на јазиците поттикна бројни реакции, а дојде и до преписка меѓу истакнати професорки. 
Професорката Беса Арифи во нејзината колумна насловена „А штрајкот со глад кога ќе го почнат“?, меѓу другото се осврнува и на статусот на професорката Ристова-Астеруд на „Фејсбук“, која тврди дека Законот за јазици е „рамковна и уставна тиранија на малцинството“.

 „Ја исчитав колумната на Беса Арифи, посветена, меѓу другото, и на мојата белешка. И, за разлика од неа, што демек нè жали некои од нас (меѓу другото и мене, слободно можеше по име да ме спомнеш), јас чувствувам грозење и гадење од нејзиното лажење и манипулации“- ова го истакна Ристова-Астеруд. 

Професорката Симона Груевска Маџоска, од Институт за македонски јазик исто така одговори на прозивките на Арифи. 

„Срце едно нацистичко, драга моја Беса Арифи! Па кога дошло вакви националисти да предаваат право, јасно е зошто правото во Македонија треба со боринче да го бараш! Каква патетика, каква мелодрама! Седеле во подрум и учеле. ЦЦЦЦ! Зошто? Затоа што некој без дозвола отворал универзитет и го кршел Уставот. А нашиот Устав што им значи? НИШТО! Како и се’ друго – химна, знаме и сите други државни симболи што исто со боринче треба да ги бараш кај што живеат повеќе Албанци! Е па драга професорке по право, видовте што се случи во една држава членка на ЕУ само што направија референдум. Да, да, во ЕУ. За Каталонија и Шпанија мислам.  Во 1998 година сиромашната Македонија прими над 300.000 бегалци од Косово. Им понуди гостопримство. И како се врати нашето гостопримство? Кога се смири ситуацијата во Косово, Албанците се вратија назад, ама Ромите не ги примија! Нацизам пар екселанс!

Во 2001 дигнавте оружје на сопствената држава. Ги избркавте Македонците од сопствените огништа и никогаш не ги пуштивте да се вратат! Тоа се вика етничко чистење, драга професорке по право! Исто како со Ромите во Косово. Дали некој Албанец бил протеран од своето огниште? Мене не ми е познато. Дигате споменици на Американците зашто тие ви ја извојуваа победата и во Косово и кај нас. Билали Клинтон, а?“ - пишува професорката. 

Арифи во својата колумна пишува дека за човекови права не се пита, туку ако некој нешто добива, не значи дека некој друг нешто губи. 

Таа обвини за фашизам и шовинизам. 

Слично

Поврзани вести