Поради заборавен куфер имаше лажна тревога на Железничката станица Скопје
Куфер оставен до банкомат денеска предизвика лажна тревога на Железничката станица Скопје.
Од полицијата велат дека се работи за заборавен куфер во кој имало облека.
„Во СВР Скопје е пријавено дека во кругот на Меѓународна автобуска станица- Транспортен центар во близина на банкомат бил оставен куфер. Веднаш се преземени соодветни мерки и активности, направени се потребните проверки и утврдено е дека станува збор за едно лице кое го оставило куферот“, велат од МВР.
Утврдено е дека нема никаква опасност за граѓаните.
Слично
