Економија, финансии, бизнис

Контакт

Поради воспитувачка позитивна на ковид во градинка во Битола, цела група во изолација

Поради воспитувачка позитивна на ковид во градинка во Битола, цела група во изолација

Уште еден нов случај на ковид е потврден во градинката „Коца Василева“ во Битола, каде на вирусот е позитивна воспитувачка, поради што во целата група во која има 13 деца сега е во изолација и пор редовен надзор на матичните лекари.

За телевизијата Тера, директорката на градинката, Снежана Тодоровска изјави дека станува збор за кластер надвор од градинката и дека од моментот кога по епидемилошка анкета имало сомнеж за контакт со позитивно лица, таа не се појавила на работа. Тодоровска истовремено посочува дека веднаш биле известени родителите и дека немало никаков проблем. Инаку, занималната е затворена и ќе се дезинфицира, а групите во градинката не се во меѓусебен контак, заради што во изолација останува само групата на воспитувачката.


Слично

Поврзани вести