Поради веење на знаме на „Голема Албанија“ германски државјанин доби условна казна и депортирање
Германски државјанин е осуден за веење знаме на „Голема Албанија“ пред натпреварот Шкендија–Карабаг. Тој е протеран од земјава.
Основниот кривичен суд во Скопје осуди државјанин на Германија на условна затворска казна од две години, откако беше фатен како вее знаме со мапа на „Голема Албанија“ и натпис „Автохтона“ пред натпреварот меѓу ФК Шкендија и ФК Карабаг на 5 август.
Полицијата му поднесе кривична пријава, а Обвинителството веднаш отвори постапка по член 319 од Кривичниот законик – за предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска или друга дискриминаторска основа.
Слично
