Економија, финансии, бизнис

Контакт

Поради територијални претензии, Левица бара власта да го протера бугарскиот амбасадор и да прекине со преговори

Поради територијални претензии, Левица бара власта да го протера бугарскиот амбасадор и да прекине со преговори

Политичката партија Левица бара власта итно да ги прекине преговорите со Софија и да се протера бугарскиот амбасадор. 

Левица побара итен прекин на преговорите со официјална Софија, поради искажувањето територијални претензии кон Македонија. Опозициската партија бара и протерување на бугарскиот амбасадор од Македонија „заради искажани територијални претензии кон државата директно од Народното собрание на една демократска држава“.

„Бараме Владата со отворено писмо да побара извинувања од претставниците на ЕУ, кои македонскиот народ и јазик го нарекоа „северномакедонски“. Бараме во Собранието на РМ веднаш на дневен ред да биде ставена Резлолуцијата поднесена од Левица против рехабилитацијата и глорификацијата на фашизмот, нацизмот и нивните современи облици и истата да биде изгласана од страна на пратениците“, стои во партиското соопштение на Левица.

Пратеници во бугарското Собрание пред неколку дена на седница извадија транспаренти на кои пишуваше „Македонија е Бугарија“. Но, и претходно бугарски политичари во спотови во кампања порачуваа дека Македонија е бугарска. 

Слично

Поврзани вести