Економија, финансии, бизнис

Контакт

Поради технички проблеми, МРТ не емитувал вести

Поради технички проблеми, МРТ не емитувал вести

Македонската радио-телевизија (МРТ) вчера попладне не успеа да ги емитува своите централни и вечерни информативни изданија на вестите. Во моментов, на МТВ се емитуваат вести само со тон, без слика.

Официјалната причина нема, но како што дознава 4NEWS.mk станува збор за технички проблеми. Јавниот сервис попладнето ја оставил јавноста без клучните информативни програми кои се темел на нејзината јавна служба. Одложено беше и емитувањето на политичката програма каде требаше да се претстават дел од кандидатите за градоначалници.

Гледачите кои вечерва во редовните термини ги вклучија каналите на јавниот сервис со цел да се информираат за најновите случувања во земјата и светот, наместо очекуваните изданија на „Дневникот“, беа пречекани со алтернативна програма. 

Отсуството на овие емисии, кои се сметаат за столб на информативната програма и клучна обврска на МРТ кон граѓаните од кои се финансира, претставува значаен преседан и сериозен удар врз функцијата на јавниот радиодифузер.

До овој момент, раководството на МРТ не излезе со детално објаснување за тоа што точно го предизвикало овој колапс во информативниот систем.



Слично

Поврзани вести