Поради спотовите на ВМРО-ДПМНЕ Русковска била анксиозна и вознемирена
Шефицата на обвинителството за гонење организиран криминал, Вилма Русковска тврди дека добила анксиозност, страв и вознемиреност поради спотовите на ВМРО-ДПМНЕ кои се емитуваа во кампања.
Спотовите се насловени како „Криминална приказна“ и „Штанд на лагите“, а во нив се прикажува како обвинителката интервенира во корист на власта.
Пресудата е закажана за една недела, односно за 13 октомври.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека Русковска треба да биде потолерантна на критика и дека со тужбата се праќа порака за ограничување на слободата на изразување.
Адвокатот на партијата, Панче Душковски вели дека демократијата е на тест и се надева дека судската одлука ќе биде во согласност со праксата на Судот во Стразбур.
Слично
