Економија, финансии, бизнис

Контакт

Поради снежните наноси Македонците во Голо Брдо веќе трет ден се отсечени

Поради снежните наноси Македонците во Голо Брдо веќе трет ден се отсечени

Македонците во областа Голо Брдо, на албанско – македонската граница по последниот снег, чија дебелина надминува 40 сантиметри, веќе трет ден се отсечени од светот.

„Дополнителен проблем е и недостигот на електрична енергија присутен веќе трет дена. Во текот на ноќта и утринските часови живата во термометарот падна на – 16 степени целзиусови, а вечерва и утре најава има за повисоки минусни температури“, велат жителите.

Едмонд Османи администратор на административната единица Требиште за МИА изјави дека во соработка со градоначалникот на општина Булќиза се прават максимални напори за надминување на проблемите.

Слични проблеми имаше и претходните години. 

Слично

Поврзани вести