Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ПОРАДИ СИТУАЦИЈАТА СО ТРАГЕДИЈАТА ВО КОЧАНИ, ИМАМЕ НАМАЛЕН ПРОМЕТ, ЕДВАЈ ОПСТОЈУВАМЕ И ВРЗУВАМЕ КРАЈ СО КРАЈ“: Обвинувања за општина Кочани, угостителите тврдат селективно ќе се рушат објекти

„ПОРАДИ СИТУАЦИЈАТА СО ТРАГЕДИЈАТА ВО КОЧАНИ, ИМАМЕ НАМАЛЕН ПРОМЕТ, ЕДВАЈ ОПСТОЈУВАМЕ И ВРЗУВАМЕ КРАЈ СО КРАЈ“: Обвинувања за општина Кочани, угостителите тврдат селективно ќе се рушат објекти

На фејсбук страната „Кочани“, осамна соопштение од страна на „Угостителите од ГТЦ Блок А, и зошто ниту едно стручно лице не ја запознае јавноста за овој проблем“.
Тие обвинуваат дека има селективност при постапувањето за рушење на нелегални објекти.
„Општина Кочани прави селективност при постапувањето за рушење на нелегални објекти откако периодов се донесени решенија за отстранување на времените објекти пред нашите угостителските објекти.

Според наши сознанија инспекциските служби во Општина Кочани низ годините имаат донесено околу 700 извршни решенија за рушење на нелегални објекти. Прашуваме зошто општината прави селективност во рушењето, зошто се дава приоритет на нашите времени објекти за кои се донесени решенија во последниот месец, а не се рушат оние 700 објекти кои чекаат на извршување со години

Без разлика на се, ние како угостители сме спремни повторно да седнеме на маса со градоначалникот и надлежните служби во општината и одново да разговараме за ситуацијата. Да ни се објасни што смееме, а што не смееме да поставиме пред нашите објекти. Рушењето на времените објекти нема да биде од корист ни на нас сопственциите и вработените, ниту на општината, а најмалку на граѓаните.

Поради ситуацијата со трагедијата во Кочани имаме намален промет, едвај опстојуваме и врзуваме крај со крај, а рушењето за нас значи клуч на врата на пицериите.

Дали ваквите избрзани одлуки ни го доуништуват градот кој веке со забрзано темпо замира.

Ова е соопштение од угостителите од трговскиот центар. Ние повторно си го поставуваме истото прашање: Зошто ниту едно стручно лице од таа област не излезе јавно пред граѓаните на прес конференција за да ја информира јавноста дали овие објекти се опасни или не?

Вака се создава нереална слика некои ја поддржуваат општината, други газдите, бидејќи се нивни пријатели или другари.

Сите заслужуваме детален и стручен одговор: дали овие објекти се безбедни или не?

Не ни требаат приказни, емоции и сожалувања требаат факти, одговорност и транспарентност. Безбедноста на луѓето и реалната проценка мора да бидат пред се“ стои објавено во соопштението.

Фото: Фејсбук/Кочани

Слично

Поврзани вести