Економија, финансии, бизнис

Контакт

Поради ребалансот ВМРО-ДПМНЕ бараат интерпелација за Тевдовски

Поради ребалансот ВМРО-ДПМНЕ бараат интерпелација за Тевдовски

Од ВМРО-ДПМНЕ бараат интерпелација за министерот за финансии, Драган Тевдовски. 

Тој е четвртиот функционер во Владата, за кого се бара интерпелација. За ВМРО- ДПМНЕ ребалансот на буџетот, кој го сметаат за неразвоен, е доволна причина да му се изгласа недоверба. 

Од СДСМ преку соопштение реагираа на поднесената интерпелација за министерот Тевдовски. Од партијата наведуваат дека преку оспорување на мерките на Владата, предвидени со ребалансот, ВМРО- ДПМНЕ продолжува да работи на штета на граѓаните.

Претходно од ВМРО-ДПМНЕ интерпелации побараа за министерот за земјоделство Љупчо Николовски, министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, министерот за надворешни работи, Никола Димитров. 

Не е исклучена можноста и за други министри да се бара изгласување на недоверба. 

Слично

Поврзани вести