ПОРАДИ ПРОТЕСТ ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ ЌЕ БИДЕ ЗАТВОРЕН: Од 14.30 по неколку улици нема движење со автомобил
Поради одржување
на протестен марш во oрганизација на Здруженија на граѓани – коалиција Менуваме,
денеска единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе
посебни мерки за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот. Протестот ќе
започне во 18.00 часот пред Владата, а потоа ќе продолжи до Собрание на
Република Македонија.
-Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот, односно од 14.30 часот до завршување на настанот затворена за сообраќај ќе биде ул.„11 Октомври“, а за време на движењето мерки за посебен режим на сообраќајот ќе се преземат и на бул.„Илинден“, десно по бул.„ВМРО“ и лево по ул.„Димитрие Чуповски“, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници. МВР апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, како и сообраќајната регулатива за променетиот режим на сообраќај со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот, велат од МВР.
