ПОРАДИ ПРИМАЊЕ МИТО: Полицијата уапси лекарка во Битола
Полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола во координација со Јавно обвинителство Битола, попладнево ја уапсија И.Д.(67) од Битола, вработена во Клиничка болница Битола заради сомнение за сторено кривично дело „Примање поткуп“.
Во изјава за МИА, портпаролката на СВР Битола, Сања Стаматова истакна дека се преземаат мерки за расветлување на пријавениот настан и поднесување на кривична пријава.
Претходно Министерството за здравство ја осуди постапката и итно ја суспендира осомничената лекарка додека трае истрагата, а менаџментот на ЈЗУ Клиничка болница-Битола искажа загриженост и побара истражните органи транспарентно и законито да постапуваат во овој случај.
Ова не е прв ваков случај во битолската болница. На почетокот на годината полицијата приведе хирург во Битола.
Слично
