ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ПОРАДИ ПОЖАРОТ КАЈ ЖЕЛИНО: Регионалниот пат Скопје-Тетово е затворен за сообраќај

(ВИДЕО) ПОРАДИ ПОЖАРОТ КАЈ ЖЕЛИНО: Регионалниот пат Скопје-Тетово е затворен за сообраќај

Дел од регионалниот пат Тетово-Скопје е затворен поради пожарот кој избувна помеѓу Желино и Еребино. 

АМСМ соопшти дека од 13:15 часот регионалниот пат Тетово - Скопје на потег од Добарски надвозник до бензинска пумпа Џезо Петрол е затворен за сообраќај поради избувнат пожар.  Сообраќајот се пренасочува по Автопат Тетово-Скопје-Тетово кај село Групчин и село Желино. 

„На пожарот помеѓу Желино и Еребино дејствуваат еден армиски хеликоптер, еден полициски камион марка МАН со цистерна од 8 тона и воден топ, два пинцгауери, еден хермелин, 30 војници и повеќе екипи на скопската бригада за противпожарна заштита заедно со пожарникарите од ТППЕ Тетово. Два ер трактори полетуваат во 16.00 часот“, велат од Дирекцијата за заштита и спасување.

Во Македонија има вкупно шест активни пожари.


ad
Слично

Поврзани вести