Економија, финансии, бизнис

Контакт

Поради попуштен мост запрен железничкиот сообраќај Велес-Гевгелија

Поради попуштен мост запрен железничкиот сообраќај Велес-Гевгелија

Во прекин е железничкиот сообраќај Велес-Гевгелија затоа што попушти мостот на Црна Река, во близина на археолошкиот локалитет Стоби. Пропаднал бетонскиот столб во надојдените води на реката. 

Од Македонски железници соопштуваат дека има сериозно оштетување на носечките столбови предизвикано од надојдената река и затоа од петокот целосно е стопиран железничкиот сообраќај на релација Велес-Гевгелија.

Вообичаениот водостој на реката во тој дел достигнувал најмногу до 1,80 метри, но сега се искачи скоро до 5 метри. 

Големи се економските штети од прекинатиот железнички сообраќај на Коридорот 10.

Мостот е изграден во 1970 година и според Железници, бил во добра кондиција.

Слично

Поврзани вести