Поради поларните температури замрзна Осломејското езеро
Осломејското езеро замрзна поради поларните температури.
Тие кои во кичевскиот регион се спуштаат и до минус 15 степени.
Од спортското риболовно друштво (СРД) „Хантер фиш“ велат дека рибниот фонд не е загрозен бидејќи дебелината на мразот не е голема, а при тоа додаваат дека езерото е длабоко. Претседателот на Друштвото, Бесмир Елези, вели дека очекувано било дека езерото ќе замрзне.
Исто така замрзнаа поплитките делови на Охридското езеро кај Охрид и Струга.Во делови од Македонија деновиве температурите се спуштија и до минус 16 степени.
foto Wikipedia
Слично
