ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОРАДИ ОПОЖАРЕН СТАН ВО СКОПЈЕ: Шест лица и едно дете пренесени на токсикологија

ПОРАДИ ОПОЖАРЕН СТАН ВО СКОПЈЕ: Шест лица и едно дете пренесени на токсикологија

По пожар во стан во Скопје, шест лица и едно дете вчера биле пренесени на Универзитетска клиника за токсикологија поради зашеметеност од чад и болки во градите.

„Вчера во 16:30 часот по пријава за пожар во стан на булевар „Кочо Рацин“ бр. 75, на втор кат, во Скопје, полициски службеници од ПСОН-Центар на местото констатирале дека од засега непознати причини настанал пожар во станот“, соопшти МВР.

Противпожарната бригада го изгаснала пожарот во 17 часот, а увидна екипа на СВР Скопје извршила увид на местото.

ad
Слично

Поврзани вести