Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОРАДИ НЕВРЕМЕТО МАКЕДОНСКИ ПАРАГЛАЈДЕРИСТ ПАДНА ВО АЛБАНИЈА - полицајци му помогнале да се врати во Македонија

ПОРАДИ НЕВРЕМЕТО МАКЕДОНСКИ ПАРАГЛАЈДЕРИСТ ПАДНА ВО АЛБАНИЈА - полицајци му помогнале да се врати во Македонија

Пограничната полиција од Корча му помогна на македонски параглајдерист кого го зафатило вчерашното големо невреме и го однело на албанска територија. 

Полицијата веднаш по дојавата реагирала брзо и професионално, го локализирала и спасила. Според соопштението на Дирекција за миграција и граница од Корча, настанот се случил вчера. 

- По добиената информација од капетанијата во Свети Наум, Северна Македонија, дека параглајдерист полетал и како резултат на силни ветрови, го пренасочил својот лет и можел да падне во селото Аларуп, Поградец, службите на Локалната дирекција за граница и миграција од Корча веднаш се упатиле на дадената адреса, овозможиле негова локализација и воспоставиле контакт со спортистот В. П., кој бил во добра здравствена состојба - стои во полициското соопштение.


Според полицијата лицето В.П. било превезено до граничниот премин Тушемиште и влегло на македонска територија. Тој им се заблагодарил на полициските служби за брзата интервенција и покажаниот професионализам.

- Граничната полиција останува максимално ангажирана во служба на граѓаните, посетителите и туристите и ги поканува сите што имаат потреба да се јават на бесплатниот број 112 - наведуваат од Дирекција за миграција и граница од Корча. 

Фото: Принскрин/Фејсбук


Слично

Поврзани вести