Економија, финансии, бизнис

Контакт

Поради непроодност на патот две болни дечиња биле однесени до болница со возило на АРМ

Поради непроодност на патот две болни дечиња биле однесени до болница со возило на АРМ

За две болни дечиња од штипско Почивало на возраст од шест и осум години морало да дојдат возила од АРМ за да може да бидат однесени во болница. Поради непроодноста на патот која била предизвикана од снегот, за малите дечиња морало да интервенираат од АРМ.

Како што објави АРМ на својот фејсбук профил, поради снежните врнежи единствено само со армиските возила било возможно да се дојде до селото и да им се помогне на дечињата да бидат пренесени во болница.

Припадниците на АРМ интервенирале со три возила, оклопен транспортер, хермелин и хамер, откако општинската Дирекција за заштита и спасување не успеала да се пробие.


Слично

Поврзани вести