Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОРАДИ НЕДОСТИГ НА КАДАР НА ДЕТСКАТА КЛИНИКА „РЕОГРАНИЗАЦИЈА“: Одделите за имунологија и пулмологија времено фузирани

ПОРАДИ НЕДОСТИГ НА КАДАР НА ДЕТСКАТА КЛИНИКА „РЕОГРАНИЗАЦИЈА“: Одделите за имунологија и пулмологија времено фузирани

Има недостиг на медицински сестри, но, пациенти не се враќаат, вели денеска на новинарско прашање, директорот на Детската клиника во Скопје, Реџеп Мемеди.

Одговарајќи на новинарски прашања, тој рече дека сите оддели имаат огромна фреквенција на пациенти од целата држава.

- Бидејќи не можевме со главната сестра никако да организираме сменска работа, организација на распоред за дежурства, бевме приморани привремено да направиме фузија на двата оддела, за да можеме да имаме на располагање сестри кои ќе покриваат дежурства. Се работи за Имунологија и Пулмологија А. Одделот не е укинат, тоа е привремено решение за да го пребродиме овој период кога немаме доволен број на кадар - појасни тој.

Сепак и покрај намалениот број на капацитет за прием на дечиња, тој подвлече дека апсолутно, не враќаат ниту еден пациент.

- Ќе најдеме место, ги згрижуваме, ги третираме. Меѓутоа, бидејќи има недостаток на сестри, па двата оддела ги спојуваме за да имаме одреден фонд на луѓе, кои ќе можеме да ги организираме за дежурства - појасни Мемеди. 

Деновиве се одржаа протестите на здравствените работници од Клиниката за детски болести, кои тврдат дека со месеци работеле без плата и без важечки договори, а сепак биле неопходни за функционирањето на установата. 

На барањата за вработување на овие лица, министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска кажа дека државата не може постојано да одобрува нови согласности за ангажмани, посочувајќи дека на клиниката веќе биле вработени повеќе од 65 лица, со што, според неа, делумно бил надминат кадровскиот дефицит. За тоа како овие лица работеле со месеци без договор и без плата, министерката одговорноста ја лоцира кај раководството на установата.

Од друга страна, засегнатите медицински работници за ТВ24 велат дека наместо институциите меѓусебно да ја префрлаат вината, очекуваат надлежните да седнат на иста маса и да најдат решение. Според нив, политичките несогласувања не смеат да паднат на грбот на пациентите и на персоналот кој, како што велат, со години чесно работи и се бори за гола егзистенција.


Слично

Поврзани вести