Економија, финансии, бизнис

Контакт

Поради минирање овој патен правец ќе биде во прекин

Поради минирање овој патен правец ќе биде во прекин

На патниот правец Кичево – Охрид на делот Пресека-Врбјани, поради изведување градежни работи на пат (минирање), на ден 03.04.2017 (понеделник) сообраќајот ке биде во прекин од 11-12 часот и од 13-15 часот.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози, информираат од Авто мото сојузот на Македонија. 

Во клисурите и засеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово - Дебар - Струга, Демир Капија – Удово, Катланово-Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен-Буково. 

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

Слично

Поврзани вести