Поради магла одложени и пренасочени летови
Некои од летовите на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје се откажани и пренасочени поради магла.
На веб-страницата на аеродромот е објавено дека се откажани полетувањата за Истанбул, Виена, Базел, Будимпешта и за Дубаи, а реализирани се за Љубљана и Дортмунд.
Летовите од Дубаи, Брисел, Лондон и од Будимпешта се пренасочени кон Охрид и Приштина.
Слично
