Поради коронавирусот Амди Бајрам ја одложи свадбата на внуката
Претседателот на Сојузот на Ромите, Амди Бајрам ја откажал свaдбата на внуката Перјан.
Поканата за семејната забава на која пишуваше дека ќе се одржи утре, беше објавена на социјалните мрежи. Но, свадбите се забранети во овој период поради епидемијата.
Свадбата останува за некои подобри времиња.
Министерот за здравство, Венко Филипче во неколку наврати повтори дека собири и веселби се забранети.
Македонија деновиве има високи бројки на заразени со коронавирусот.
Слично
