Економија, финансии, бизнис

Контакт

Поради излевање на река еден патен правец е во прекин

Поради излевање на река еден патен правец е во прекин

На 05.06.2017 година од 17 часот сообраќајот по регионалниот пат „Тетово -ГП.Јажинце“ е во прекин кај село Порој поради обилни врнежи од дожд и излевање на Поројска река, информираат од Авто мото сојузот на Македонија. 

„Сообраќајот се пренасочува. Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините“ - додаваат од АМСМ. 

Во клисурите и засеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово - Дебар - Струга, Демир Капија – Удово, Катланово-Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен-Буково.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози. 

Слично

Поврзани вести