Економија, финансии, бизнис

Контакт

Поради дојава за бомба во Брисел евакуирани службеници од ЕК, Заев во работна посета на белгиската престолнина

Поради дојава за бомба во Брисел евакуирани службеници од ЕК, Заев во работна посета на белгиската престолнина

Десетина работници од администрацијата на ЕУ во Брисел се евакуирани поради дојава за бомба.

Четириесет луѓе се евакуирани од зградата на Европската комисија поради страв од можни експлозии.

Полицијата го огради огромното подрајче на белгиската престолнина додека пожарникари и болничари биле подготвени за случај на експлозија, пренесуваат медиуми од регионот.


Волтер Деривју , портпарол на пожарникарната служба во Брисел, изјавил: „Компанијата прими повик дека ќе експлодира бомба. Полцијата не повика како појачување“.

Денеска во Брисел е и премиерот Заев.

Првиот човек на владата таму е во еднодневна работна посета на Европската Унија.

Заедно со него е и вицепремиерот Османи, шефот на дипломатијата Никола Димитров и министерката за одбрана Радмила Шеќеринска.

Тие таму ќе имаат средби со високата претставничка на Федерика Могерини, со еврокомесарот Јоханес Хан но и со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.



Foto: EPA / Stephanie Lecocq


Слично

Поврзани вести