Економија, финансии, бизнис

Контакт

Поради асфалтирање ќе има прекин на овој патен правец

Поради асфалтирање ќе има прекин на овој патен правец

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози, велат од Авто мото сојузот на Македонија. 

На патниот правец Р1202 Маврово – Дебар на делот од Мелнички мост до с. Долно Косоврасти, поради изведување градежни работи на пат (асфалтирање), на 13.06.2017 (вторник), сообраќајот ке биде во прекин во двата правци од 13:00 до 17:00 часот.

На 05.06.2017 година од 17:00 часот сообраќајот по регионалниот пат „Тетово -ГП.Јажинце“ е во прекин кај с.Порој поради излевање на Поројска река. Сообраќајот се пренасочува. 

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

Во клисурите и засеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово - Дебар - Струга, Демир Капија – Удово, Катланово-Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен-Буково.

Слично

Поврзани вести