Економија, финансии, бизнис

Контакт

Порачки има, се очекува раст на продажните цени во градежништвото

Порачки има, се очекува раст на продажните цени во градежништвото
За раководителите на деловните субјекти од областа на градежништвото, економската состојба во второто тримесечје од 2013 година е  поповолна во однос на претходното тримесечје годинава. Тие, како што соопшти Државниот завод за статистика, сметаат дека состојбата во секторот е поповолна и во однос на истото тримесечје лани. Исто така, соопшти ДЗС, оценката за финансиската состојба на нивните деловни субјекти е дека е подобра и во однос на претходното тримесечје и во споредба со истиот период лани. Според податоците ДЗС во второто тримесечје оценката за сегашната состојба со порачки (договори) е поповолна во споредба со претходното тримесечје, а бројната состојба и квалитетот на механизацијата и опремата се подобрува поради што во наредниот период се очекува продажните цени да се зголемат. Најголемо влијание на ограничувањето за подобрување на сегашната градежна активност имаат следните фактори: немање на побарувачка со 20.8%, зголемените трошоци за материјали со 19,8%, зголемените финансиски трошоци(камати) со 15.2% и конкуренција во сопствениот сектор со 11.6%, соопштуваат од ДЗС.
Слично

Поврзани вести