Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОРАЧА ДЕКА „ВРЕДИ“ НЕ ТРЕБА ДА ГО ИМИТИРААТ ДУИ: Што вели Максим за одењето на Гаши по невеста на Косово со службено возило?

ПОРАЧА ДЕКА „ВРЕДИ“ НЕ ТРЕБА ДА ГО ИМИТИРААТ ДУИ: Што вели Максим за одењето на Гаши по невеста на Косово со службено возило?

Според претседателот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, погрешно е „Вреди“ да го имитираат ДУИ. 

Тој вели дека ДУИ е веќе видена работа и минато.  Димитриевски рече дека од социјалните медиуми дознал за случајот со приватната посета на собранискиот спикер Африм Гаши со службени возила на Косово. Тој рече дека чека официјален одговор од надлежното Министерство, во делот на „уредување на режимот на движењето на ваков тип на високи функционери“.

„Доколку возилото е користено за приватни потреби и семејни веселби, тоа е недозволиво. Во спротивно, ако вие вршите една таква висока функција во државата и ви следува обезбедување, извршено сѐ согласно протоколот, тогаш нема никакви пречки да се прави тоа. Но, сепак оставам на официјалните надлежни државни институции да се произнесат по случајот, а потоа и јас ќе го дадам своето видување“, рече Димитриевски.

Тој порача дека треба да се поработи граѓаните да имаат функционална држава. 
фото Фејсбук/Максим Димитриевски

Слично

Поврзани вести