Поправки на подната фонтана на скопскиот плоштад
Фото: Скопско Ехо
Работници од денеска интервенираат на системот на подната фонтана на главниот плоштад во Скопје и таа повторно да биде вратена во функција по три години пауза, објави Скопско Ехо.
Утринава екипа на работници почна да вади делови од фонтаната на централниот скопски плоштад „Македонија“.
Фонтаната е надвор од функција од 2021 година откако во неа се случија серија на пропаѓања на камиони кои ја оштетуваа инсталацијата.
Таа е дел од проектот „Скопје 2014“ и беше пуштена во употреба во 2015 година и за нејзината изградба беа потрошени 2,5 милиони евра.
Слично
