ПОПОВСКИ ЗА ФАКТОР: Не може никој да не одговара за аферата „ПРИСЛУШКУВАЊЕ“
Добро е да има судска разврска за да се види дека има некаква одговорност бидејќи не може никој да не е виновен за аферата „Прислушкување“. Она што не може да биде судски разрешено, ќе се разрешува политички вели за Фактор универзитетскиот професор
Горазд Чомовски
По формирањето на Специјалното јавно обвинителство пред една година се сеќавам на говорот на поранешниот премиер и лидер на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски кој во однос на објавените прислушувани материјали рече дека ќе се залага за транспарентен судски процес на кој ќе има домашен и меѓународен мониторинг и дека сите сомневања мора да се разрешат.
Најдобриот начин за расветлување на аферата „Прислушкување“ е прваната разврска . Но доколку нема материјални докази дека вербално искажување на осомничените се претворило во дело или во обид таму каде што се инкриминира и обидот а не извршеното дело тешко ќе оди пред судските органи.
Судскиот процес треба да се одвива врз основа на прописите на кривичната постапка, судските закони, материјалните докази и слободното уверување на судиите . Тоа е судската одговорност, а другата одговорност која е вербална и која не може да се докаже влегува во сферата на политичката одговорност тоа значи губење на мандат, губење на авторитет и тука судии се граѓаните.
Дури и претпоставиме дека во прислушкуваните разговрои има политичка одговорност граѓаните можат тоа да го санкционираат на избори . Граѓаните гласаат за својата егзистенција која што ја одржуваат на конец, а ја одржуваат со помош на некојаполитика која што насочена кон нивна поддршка на граѓаните во делот на земјоделската социјална политика . Под претпоставка дека една Влада е продуктивна на тој план што значи да ги решава масовните потреби и проблеми на граѓаните тие ќе гласаат за нив . Ако има некаква друга кривична , граѓнско-правна одговорност има има судови и тие нека одлучуваат . Кога станува збор за релација граѓанин –политичар тој гледа дали му опомога или не и тука ВМРО ДПМНЕ е супериорен бидејќи од социјална политика ни „С“ не постоеше во претхониот политички систем Од субвенциите 7 милиони евра имаше за време додека министер за финансиии беше Никола Поповски . Од тие 7 милиони евра, Поповски ниту денар не даде субвенции. Судот ја донесува пресудата врз основа на законот и слободно судско уверување за конкретен случај. Нема друг начин за судска разврска . Значи оние дела за кои што СЈО може да собере податоци , да ги процесуира и да ги докаже пред судот ќе има судска разврска и добро е да има за да се види дека има некаква одговорност бидејќи не може никој да не евиновен за за аферата „Прислушкување“. Она што не може да бдие судски разрешено , ќе се разрешува политички на еден начин .
