Поповски кој го набави луксузниот мерцедес доби отказ од МВР?
Отказ за поранешниот помошник -министер за јавни набавки, Ѓоко Поповски во екот на судските процеси кои СЈО ги води против него. Полициски извори за ТВ24 брифираат дека Поповски добил отказно решение по поведена дисциплинска постапка поради бројни злоупотреби на службената положба изминатите години. Од МВР потврдија, но не откриваат за што конкретно му било врачено отказното решение.
СЈО води постапка против Поповски и за набавката на 300 полициски возила, а е осомничен и во истрагата Странски служби.
Слично
