Економија, финансии, бизнис

Контакт

Попова Шапка и Маврово имаат најдебела снежна покривка

Попова Шапка и Маврово имаат најдебела снежна покривка

И денеска имаме најдебела снежна покривка на Попова Шапка. 

Таму се измерени 88 сантиметри, потоа следат Маврово со 49, Пожаране со 22,  Крушево со 19, Гостивар со  7, Тетово со 5, и Дебар со 4 сантиметри. Најстудено утрово било на Попова Шапка со измерени -5 степени  и во Маврово со измерени – 2 степени, а најтопло во Скопје-Петровец, Струмица, Гевгелија, Дојран, Штип, Демир Капија, каде се измерени 4 степени целзиусови.

Преку денот во западните делови на планините ќе има слаб снег, а понекаде на повисоките места повремено ќе се изменуваат дожд и снег. Максималната температура ќе се движи од 2 до 9 степени.

Во Скопје ќе биде умерено до значително облачно со услови за краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 7 степени.

Деновиве имавме обилни врнежи од дожд во Македонија. 

Слично

Поврзани вести