Економија, финансии, бизнис

Контакт

Попоски за „Ла Верита“: Сорос финансира субјекти коишто на нетранспарентен начин се занимаваат со политика

Попоски за „Ла Верита“: Сорос финансира субјекти коишто на нетранспарентен начин се занимаваат со политика

Отворено општество финансира субјекти коишто на нетранспарентен начин се занимаваат со политика, а тоа е неприфатливо за нас, изјави министерот за надворешни работи, Никола Попоски во интервју за италијанскиот весник „Ла Верита“.

Според Попоски, Сорос, откако е присутен во Македонија, потрошил 60 милиони долари за невладините организации. Министерот вели дека проблемот е и абнормалната концентрација, затоа што 90% од средствата на тие организации доаѓаат од еден извор.

„Всушност, од овие субјекти произлегуваат медиумските притисоци и несоодветните влијанија врз јавното мислење. Но, од нив пред сè започнуваат политички битки секогаш во корист на социјалистичката коалиција. Тоа според нас е дестабилизација“- вели тој. 

Во исто време, со интервјутоа на Попоски за италијанскиот весник „Ла верита“ ВМРО- ДПМНЕ денеска испрати соопштение во кое се вели дека десорозијацијата започнува

Како што стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и Сорос се посветени на мисијата за уништување на демократијата преку директен и брутален напад на секоја мисла различна од нивната матрица.

„СДСМ и Сорос преку истурање грантови системски ги корумпираат новинарите и медиумите. Народот одлучи: процесот на десоросоизација отпочнува“-стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Попоски смета дека  најдобар начин да се одолее на странското мешање е брзо составување на влада и дека претстојните денови се решавачки за Македонија. 


Слично

Поврзани вести