Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОПОСКИ ПРЕДУПРЕДУВА: Можно е драстично влошување на времето за време на велигденските празници

ПОПОСКИ ПРЕДУПРЕДУВА: Можно е драстично влошување на времето за време на велигденските празници

Метеорологот Славчо Попоски предупредува на можно драматично влошување на времето за време на велигденските празници, според најновите прогнози на европскиот среднорочен модел.

Според него, моделот укажува на продор на значително постуден воздух од север, што би можело да донесе вистински пресврт во временските услови.

„Моделот црта и формирање на снежен бран и исклучително ладно време за Велигденските празници во Македонија“, наведува Попоски.

Сепак, тој нагласува дека ова сценарио сè уште не е конечна прогноза и дека се можни промени во наредните денови.

„Промени и понатаму се можни околу ова можно сценарио и да се молиме да има промени“, додава Попоски.

Во меѓувреме, времето во следните неколку дена ќе биде типично пролетно, со пријатни температури и стабилни услови, што ќе овозможи уживање на отворено.

Иако ваквите најави звучат драматично, метеоролозите потенцираат дека станува збор за среднорочни модели кои често се менуваат, па конечната временска слика за Велигден ќе биде појасна во деновите што следуваат.

Фото:Пиксабеј

Слично

Поврзани вести