Економија, финансии, бизнис

Контакт

Попоски најавува нов влажен бран, но и температури околу 20 степени

Попоски најавува нов влажен бран, но и температури околу 20 степени

Meтерологот Славчо Попоски вели дека под влијание на нов влажен но и постуден бран од север, вечерва во западните и во северните, а утре и тоа особено попладне и вечерта и на другите места ќе има нови врнежи од дожд.  

На планините над 1500 м.н.в и тоа особено во западните предели ќе има врнежи од снег, додека оваа ноќ снежната граница има услови да се спушти и на помала надморска височина.

Инаку се до крајот на оваа седмица повремено ќе има врнежи од дожд и тоа од локален карактер.

„Од четврток до сабота нашата територија ќе се наоѓа под влијание на изразено јужно и југозападно воздушно струење кое ќе услови НЕВООБИЧАЕНО ВИСОКИ температури за овј дел од годината. Истите тие денови ќе се искачуваат во интервалот од 12 до дури 19 степени. Од утре исто така ќе дува и умерен, повремено засилен ветер од јужен и од југозападен правец. Исто така овој топол бран за овој период од годината ќе услови и транспорт на прашина и песок од Сахара кон нашата територија“, вели Попоски. 

Поради наглите промени на временската состојба кај нас, но и поради големото затоплување кое накратко ни доаѓа, кај метеопатите се можни здравствени проблеми (проблеми со притисокот, лошење, главоболка и слично). Доколку граѓаните овие денови осетат поголеми здравствени проблеми задолжително да се јават кај својот матичен лекар.

Слично

Поврзани вести