Економија, финансии, бизнис

Контакт

Попоски најавува многу топло време, но и нестабилност

Попоски најавува многу топло време, но и нестабилност

Meтеорологот Славчо Попоски вели дека многу топлата воздушна маса од Африка ќе продолжи и во следниот период. Времето ќе биде стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност, а услови за локална попладневна нестабилност ќе има особено во недела, и истата ќе биде проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. 

„Температурите насекаде ќе надминуваат 30 степени, додека во централните и југоисточни предели, кој обично се најтопли температурите ќе се искачат до околу 40 степени. Ув - индекост и понатаму ќе има многу висока вредност и ќе изнесува коефициент 9, па затоа на граѓаните им советуваме да се заштитуваат од лошото влијание на сонцето, но и да пијат што повеќе течности“, вели Попоски. 

Во Скопскиот регион исто така продолжува многу топлото време со температури кои ќе надминуваат 35 степени.

Слично

Поврзани вести