Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОПОСКИ НАЈАВУВА ЏЕНОВСКИ ЦИКЛОН: Следува голема промена на времето

ПОПОСКИ НАЈАВУВА ЏЕНОВСКИ ЦИКЛОН: Следува голема промена на времето

Метеопрогнозерот Славчо Попоски најавува дека Македонија ќе ја погоди Џеновски циклон, по што ќе следи голема промена на времето. Вели дека до петок, земјава ќе се наоѓа под влијание на стабилна, сува и топла воздушна маса од југ.

-Времето ќе биде претежно сончево, повремено со мала до умерена локална облачност.  Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурите ќе бидат високи, но нема да бидат екстремно високи, и максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 33 до 38 тепени, додека особено во четврток и во петок во најтоплите централни и југоисточни предели температурата локално ќе се искачи до 40 степени. Во Скопје максималната температура овие денови ќе се искачува во интервалот помеѓу 35 и 38 степени. Под влијание на Џеновски циклон, за време на викендот кај нас ќе има поголема промена на времето, односно во сабота на повеќе места ќе има развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално можна е појава на невреме. Од недела ќе дува засилен ветер од северен правец, а температурите позначително ќе се намалат за околу 10 степени, вели тој во најновата прогноза.

ФОТО: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Слично

Поврзани вести