Попоски најавува дека во најтоплите предели температурите ќе се искачат и над 42 степени
Meтеорологот Славчо Попоски вели дека за време на овој викенд, како и во текот на следната седмица времето во Македонија ќе биде стабилно, суво, сончево и екстремно топло со мала локална облачност. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 35 до 42 степени, додека во најтоплите предели истите има услови да се искачат дури и над 42 степени.
„Исклучок ќе биде недела, како и следната среда коа ќе има услови за локална појава на попладневна нестабилност. Ув – индексот и понатаму ќе има екстремно висока вредност и ќе изнесува коефициент некаде околу 10, па затоа на граѓаните им советуваме да се заштитуваат од лошото влијание на сонцето, но и да пијат што повеќе течности“, вели Попоски.
Поради екстремно високите температури на воздухот, граѓаните треба да внимаваат како се однесуваат во природа.
