Економија, финансии, бизнис

Контакт

Попоски: Македонија ќе исполни дел од барањата на Ердоган за пучистите

Попоски: Македонија ќе исполни дел од барањата на Ердоган за пучистите

Министерот за надворешни работи Никола Попоски во интервју за радио Слободна Европа посочи дека македонската влада ќе исполни дел од барања на Турција, што беа испорачани по неуспешниот воен обид за пуч. Тој не сакаше да коментира ниту што конкретно побарала Турција ниту какви мерки ќе бидат преземени. 

Добро е познато дека Ердоган направи листа на домашни непријатели мотивирани и можеби финансирани од проповедникот Фетула Ѓулен. Меѓу нив на тапет се најдоа и невладини организации во Македонија, приватен образовна институција и медиуми на турски јазик. Дали тие ќе бидат затворени според најавите на Попоски засега не може да се заклучи бидејќи се уште не се преземени конкретни чекори.

Слично

Поврзани вести