Економија, финансии, бизнис

Контакт

Попoски: Курц е погрешно интерпетиран, сместувањето не е опција

Попoски: Курц е погрешно интерпетиран, сместувањето не е опција

Мојот колега од Австрија, Себастијан Курц е погрешно интерпетиран, вели вицепремиерот и министер за надворешни работи Никола Попоски, кој престојува во дводневна посета на Брисел.

Според него, сместувањето не е опција. 

Тој објаснува дека сместувањето на мигрантите што доаѓаат на територија на Република Македонија од земја-членка на Европската унија не е можно.

Попоски ова го соопшти  по изјавата на Курц дека „половина милион од мигрантите треба да се сместат во балканските земји“.

„Македонија беше и ќе биде посветена на спречување на нелегалната миграција и од тој аспект контролата на границите е нашиот приоритет и за тоа соработуваме со повеќе земји-членки на Европската унија. Сместувањето на мигрантите што доаѓаат на територија на Република Македонија од земја-членка на Европската унија нема никаква логика, освен ако тоа не е транзит низ територијата на Република Македонија до други земји-членки на ЕУ. Ова е јасна порака од самиот почеток и ние опстојуваме на тој став дека единствено за контрола на миграциските текови може да помогне Македонија и во овој дел ќе ги извршиме нашите обврски, а се друго е прашање на безбеден и хуман третман што ќе го добијат мигрантите кои мигрираат од една земја-членка на Европската унија во друга земја-членка на Унијата“ - рече Попоски.

Тој потврдува дека е пријател со Курц и дека за таквата негова наводна изјава разговарал со него и дека тоа веќе го расчистиле.

Слично

Поврзани вести