Економија, финансии, бизнис

Контакт

Попоски: Кога ние преговаравме со Бугарија баравме да не почитуваат

Попоски: Кога ние преговаравме со Бугарија баравме да не почитуваат

Екс министерот за надворешни работи во вчерашното гостување на ТВ Нова ја критуваше Владата за планираниот договор за добрососедство со Бугарија кој иако досега не е целосно презентиран пред јавноста се смета за штетен по македонските национални интереси.

„Ние ќе треба да испорачуваме резултати по тој текст на договор. А тие ќе бидат во делот на историјата, во делот на политиката, во делот на признавање на јазикот, народите итн“, рече Попоски.

Исто така поранешниот прв дипломат тврди дека владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ на бугарската страна и посочила дека се отворени за решавање на проблемите но, со меѓусебно почитување.

„Во онаа фаза во која ние преговаравме со бугарската страна бевме многу отворени по однос на овие прашања и јасно ставивме до знаење дека мора да нѐ испочитуваат како суверена држава и пандан и да го испочитуваат меѓународното право во поглед на договори за пријателство, добрососедство и соработка“, рече Попоски.

Договорот меѓу Бугарија и Македонија треба да се потпише на почетокот на август со заедничка прослава на Илинден која ќе означи нов почеток на односите меѓу двете земји, а ќе продолжи со силна поддршка за македонското членство во ЕУ и НАТО досега тврдеа од владата. Во Собранието се одржа и затворена седница на која се разговареше токму за планираниот договор кој треба да биде одобрен од двете земји.

Слично

Поврзани вести