Попоски: Инсистирањето на Бугарија за историските комисии е со цел за идни блокади на Македонија
Екс министерот за надворешни работи и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Попоски во интервју за Прес24, посочува дека позициите на македонската страна биле да се постигне рамноправност и реципроцитет на сите точки од договорот.
-На ниво на работни групи, текстот го доби денешниот костур, со пет или шест празни полиња. За секое такво поле имаше по неколку варијанти на македонски и бугарски предлози, кои се разликуваа. На крај, идејата беше за овие полиња да се постигне компромис или можеби да се изостават целосно. За илустрација, тоа би значело: ако едните сакаат да се спомнува заедничка историја со се комисии, а другите бараат јазик без релативизирање со устав, да се прифатат двете забелешки. Спротивно, ако остане јазикот според устав, оти така било во изјавата од 1999 година, тогаш да нема ни заедничка историја со комисии, оти истите ги нема во истата таа изјава од 1999 година. Тоа би било во европски дух и буквално, компромис, вели Попоски .
Тој вели дека инсистирањето на Бугарија за историските комисии во договорот има за цел таа да си обезбеди простор за идни блокади на Македонија при процесот на членство во ЕУ.
