Економија, финансии, бизнис

Контакт

Попоски до Заев: Ако исполните се што ветивте ќе ве поддржиме за втор мандат

Попоски до Заев: Ако исполните се што ветивте ќе ве поддржиме за втор мандат

Пратеникот Никола Попоски и екс министер за надворешни работи на мандаторот Зоран Заев му посочи две многу важни теми, а тоа се реформите кои ги вети и барањето за конструктивна опозиција.

- Една изрека вели дека помеѓу политичар на власт и политичар во опозиција е следнава. Тој на власт треба секое утро да стане и да смисли што ќе направи добро, а тој што е да во опозиција е да реши што ќе искририкува. Покажавте дека критиката ви е јака страна, оправдана или не, треба да ви се честита. Сега од вас се очекува да направите добро дело, нешто да промените, но во иднина многу аргументирано ќе ве потсетуваме што најавивте, а што исполнивте. Ветивте дека ќе има правда за сите, фер однос и правични институции, а дека тоа ќе го спроведете преку отчетност и контрола на ова Собрание. Јас се согласувам и ако ова го испорачате ние ќе ве поддржиме и за втор мандат. Но, ако денот по утрото се познава тогаш уште во првиот чекор покажавте дека сакате да ги отфрлите парламентарните начела. Најдобриот одговор во овој контекст е дека целта ги оправдува средства, рече пратеникот Попоски. 

Екс првиот човек на македонската дипломатија посочи дека Заев и СДСМ на власт дошле со рушење мислејќи на активностите на Шарената револуција и им вети дека ВМРО-ДПМНЕ внимателно ќе ги следи доколку сакаат да реализираат некакви темни сценарија.

Слично

Поврзани вести