Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОПЛАВИ ВО РЕСЕНСКО: Вода навлезе во куќи и магацини

ПОПЛАВИ ВО РЕСЕНСКО: Вода навлезе во куќи и магацини

Поплавени се над 50 куќи, магацини и земјоделско земјиште во ресенско. 

Има излевање на Болска и Источка река во селата Царев Двор и Дрмени.

Центарот за управување со кризи(ЦУК) информира дека поплави има и кај селото Долна Бела Црква по излевањето на Голема Река, чиј моментален водостој е 210 см.

Ангажирани се екипи на јавните претпријатија, „Македонија пат“, ЈКП „Пролетер“, како и приватни машини. Вкупно седум пумпи се користат за испумпување вода и повеќе багери за расчистување и интервенции.

На повеќе делници во овој дел има наноси од земја.

Поради обилните дождови зголемени се водостоите на реките во повеќе региони во државата. Состојбата се следи и во Битола, Демир Хисар, Охрид, Крива Паланка и околината.

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информираше дека во деновите од викендот ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Утре наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 40 l/m² за 24 часа).

фото принтскрин

Слично

Поврзани вести